MEZZO LIVE HD

MEZZO HD. Знаеме дека следењето на концерт ВО ЖИВО е незаменливо искуство. Затоа MEZZO LIVE HD ќе ги постави камерите во најпрестижните концертни сали и фестивали на планетата.

Емитувањето на претстави ВО ЖИВО им овозможува на гледачите единствено искуство, како и на посетителите на концертите сали, благодарејќи на HD квалитетот. MEZZO LIVE HD ќе ви пружи можност да ги откриете најубавите опери, концерти и танцови продукции од најубавите светски места. И сето тоа во директни преноси.
Mezzo LIVE HD се темели врз признатиот Mezzo бренд и доборо познатиот и позитивен углед. Стручњаците и љубителите на музиката добро знаат дека, тука можат да ги пронајдат содржините кои ги сакааат. Mezzo ги одржува верните претплатници, кои имаат снажна лојалност кон брендот (60 % * луѓе кои знаат за Mezzo, го гледаат). Шест од десет претплатника кои го гледаат MEZZO, се со добра оценка за гледаноста на телевизијата: просечно го гледаат 3 часа и 33 мин., по претпланик-седмично. Од тоа 98 % се со желба и намера да продолжат да го гледаат каналот. MEZZO располага со можност за развој, со дополнителни разноврсни и врвни програми.
MEZZO LIVE HD е 100 % канал во изворен HD. Сликата е исклучително јасна благода рејќи на прикажувањето на програмата со HD квалитет:
• Најдобриот квалитет на сликата одлично одговара на каналите кои прикажуваат уметнички изведби и на гледачите им донесува извонредна сценографска и костимографска убавина, како и нијанси на сцената и кореографијата.
• Љубителите на класичната музика уште повеќе ќе го ценат гледањето на омилената програма во висока дефиниција на каналот MEZZO LIVE HD.
• HD технологијата придобива се повеќе љубители на класичната и џез музика, благодарејќи на квалитетот на сликата и звукот.