ЗА НАС

Што работиме:
Sibila d.o.o. се занимава со застапување на телевизиски програми во кабелските, сателитски, ИПТВ и мобилни ТВ системи. Присутна е во сите држави од некогашната Југославија, последните години своите активности ги рашири и во други држави од ЈИ Европа како што се Албанија и Бугарија.

Со добро познавање на локалните пазари, развиена мрежа на соработници и благодарејќи на одличните контакти со кабелските оператори, сопствениците на програмите, кои ги застапуваме, нудиме помош и поддршка при влезот на нови пазари. Советуваме при подготовките на стратегии, соработуваме во преговорите со оператерите, нудиме целосна поддршка при дистрибуцијата, промоциите и другите маркетиншки активности во лансирањето на телевизиски канали на нови пазари. Застапуваме повеќе од 40 телевизиски канали од најразличен вид. Меѓу другите канали, кои ги застапуваме се TV5MONDE, travelxp, France 24, Euronews, DUCKTV, MCM Top, Fashion TV и бројни други.
Нашата цел е, на каналите кои ги застапуваме да им обезбедиме што поголема присутност во кабелските, сателитските, ИПТВ и мобилните системи. Контактирајте не, доклку и вие сакате да пристапете на телевизискиот пазар во ЈИ Европа.

Историја и развој на претпријатието:
Sibila d.o.o. е претпријатие со повеќе од 25-ет годишна традиција. Почетокот на работењето е уште во 1992 година, кога започнавме со издавање на специјализирана ревија за кабелска и сателитска телевизија Телстар, именувана според информацискиот сателит Telstar 1, кој како прв сателит во земјината орбита овозможи сателитски телевизиски преноси. Веќе следната година почнавме со дистрибуција во кабелските системи на каналите CNN, Cartoon Network и TNT. Бројот на каналите од година во година се зголемуваше, меѓу другите бевме главни застапници на каналите Eurosport и Discovery Channel. Со времето своите активности ги отпочнавме да ги шириме и во другите држави од некогашна Југославија. Денес сме присутни во 7 држави од ЈИ Европа и застапуваме повеќе од 40 телвизиски канали во кабелските, сателитските, ИПТВ и мобилни ТВ системи.