AMBIANCES

Разбудете се на изгрејсонце над Индискиот океан. Опуштете се по долгиот ден со прекрасната Поларна светлост. Патувајте низ светот до величествената јапонска градина..

Овој нов канал донесува величествени предели кои се менуваат во зависност од годишните времиња и музичката подлога за секоја прилика и секакво расположение. На есен нурнете во блескавите бои на канадските шуми. Летото патувајте низ плажите и викендичките крај морето. Запалете оган во каминот додека траат студените зимските вечери. Има толку сцени за избор. Нашите девет теми достапни се и на барање: можете да уживате во летните сцени среде зима и зимски бури среде летен топлотен бран. Stingray Ambiance совршено го следи секој миг од вашиот ден.